logo
logo
logo

Вучиќ за инаугурацијата на Трамп, за војната во Украина:

Назначувањето на Маск за шеф на Канцеларијата за ефективно управување - морален „чин на слобода“ за современиот свет

Vecer | 21.01.2025

Назначувањето на Маск за шеф на Канцеларијата за ефективно управување - морален „чин на слобода“ за современиот свет

Српскиот претседател Александар Вучиќ во ексклузивното интервју за Информер го коментираше враќањето на Доналд Трамп за претседател на САД, како и дали може да се очекува крај на војната во Украина.

На прашањето дали можеме да видиме мир во Украина, тој одговори не, но дека би бил среќен доколку тоа се случи.

- Утре треба да се сретнам со Зеленски, дефинитивно ќе морам наскоро да разговарам со Путин. Минатиот пат само го прашав во две реченици за Украина и потенцијалниот мир, бидејќи сфатив дека мојата идеја за прекин на огнот никаде не беше ентузијастички прифатена. Тие се тие кои одлучуваат дали ќе има мир или не - рече Вучиќ.

Претседателот на Србија зборуваше и за инаугурацијата на Доналд Трамп. Тој истакна дека назначувањето на Илон Маск за шеф на Канцеларијата за ефективно управување е еден вид морален „чин на слобода“ на современиот свет.

- Чекам да видам што ќе се случи денеска, бидејќи најави лавина извршни наредби. Верувам дека назначувањето на Маск за шеф на Канцеларијата за ефективно управување ќе донесе огромни промени и може да биде еден вид морален „чин на слобода“ за современиот свет. Ако навистина се случи ЦИА, американските разузнавачки агенции, да добијат помалку или останат без пари, ако истото се случи со НДИ, тогаш сигурен сум дека доаѓаат добри времиња за слободарските луѓе во светот. Тоа не е лесна борба, но ако некој може да го направи тоа и да ја спаси Америка и светот од тоа, тоа е американското раководство. Од друга страна, во Мексико владее огромен гнев, неодамна почнаа, беа сојузник на Америка во оваа економска борба против Кина, сега ќе се свртат кон Кина. Ќе видиме што ќе прави Канада, во Панама исто така има гнев, но Америка е многу моќна и силна, дури и да започне некои процедури во однос на Гренланд, сосема сум сигурен дека никој нема да и се спротивстави на кој било начин - рече Вучиќ и додаде:

- Денеска зборуваа за Индија како најважна земја за нив, Азија станува посебен вид на потпора, за да видат како можат да напредуваат со азиска помош. Америка ќе продолжи да склучува договори со Кина, како и досега, и мислам дека Трамп ќе оди против администрацијата на Брисел, на која не се радувам бидејќи ќе остави трага и кај нас.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk