Според грчките медиуми, инцидентот се случил во близина на Ормос Панагија на источниот брег на Ситонија.
Девојчето од Романија, која било на изнајмен чамец, е повредена по судир со друг пловен објект кој пловел под грчко знаме.
Пристанишната управа на Јерисос по инцидентот била мобилизирана и го презела девојчето кое се здобило со повреда на ногата.
После тоа, со возило на Итна медицинска помош била префрлена во болницата во Солун на дополнителни прегледи.
Несреќата е под истрага.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата