logo
logo
logo

Шапиќ: Избори во Белград најверојатно на 17 декември

Vecer | 28.09.2023

Шапиќ: Избори во Белград најверојатно на 17 декември

 Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ денеска изјави дека предвремените избори во главниот град на Србија најверојатно ќе се одржат на 17 декември, јави дописникот на МИА од Белград.

-Се ќе знае за неколку дена. Ако се одржат изборите на 17 декември, дали тоа е конечниот договор, ќе знаете за неколку дена. Има точно законски процедури кои ја условуваат таа одлука. За неколку дена ќе имате информации дали се договориме крајниот датум да биде 17 декември. И многу е веројатно дека ќе биде, а за неколку дена ќе знаете какви чекори ќе се преземат за да треба да ги спроведеме изборите на 17 декември, одговори Шапиќ на прашањето на Н1 кога ќе поднесе оставка доколку изборите се одржуваат на 17 декември и дали ќе оди на некоја друга тактика, како на пример колективна оставка на сите одборници во собранието на градот Белград.

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа во гостувањето на РТС изјави дека парламентарните, покраинските, белградските избори, како и во некои други општини, може да се одржат веќе на 17 декември.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk