Големите количества на врнежи, кои за кратко време наврнаа на територијата на овој град, оставија под вода многу делови од Нови Сад.
Водата која ги поплави улиците на Нови Сад влегла и во возилата кои случајно се нашле таму.
На снимката од подвозникот Кисак се гледа како водата навлегла во автомобилите од кои излегле луѓето и дека поголемите возила биле до половина потопени, објави Курир.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата