- Својата судбина трајно ја врзав за Црна Гора, ќе останам овде, ќе дадам сè што е во моја моќ да ја подобриме нашата земја, за нашите млади повеќе да не мора да одат во странство! Јас ќе бидам еден од првите што ќе се пријават за програмата „Веље Брдо“ затоа што 1) Верувам во овој проект и неговата реализација, 2) Останувам овде трајно затоа што верувам во големата иднина на државата Црна Гора, напиша Спајиќ на платформата Икс.
Тој додаде дека сè уште е потстанар, но дека планира да купи стан.
Проектот Веље Брдо беше претставен на крајот на септември во Црна Гора, кој предвидува решавање на станбените потреби на граѓаните под поволни услови. Тогаш беше најавено дека првите станови на пазарот ќе бидат во средината на 2026 година и дека квадрат ќе чини 1.000 евра со камата од 1,2 отсто, а приоритет ќе имаат потстанарите, младите брачни парови, лицата со посебни потреби и семејства со деца со пречки во развојот.
Тогаш како пример беше наведено дека за стан со три спални од 100 квадрати месечната рата ќе изнесува 390 евра, без аванс со рок на отплата до 30 години.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата