logo
logo
logo

Судот во Хаг го пушти Тачи во Косово да го посети болниот татко

Vecer | 02.09.2023

Судот во Хаг го пушти Тачи во Косово да го посети болниот татко

Според соопштението на судот во Хаг одлуката е донесена од хуманитарни причини.

- Од хуманитарни причини Судскиот совет го упати секретаријатот да организира посета на притворениот Хашим Тачиу на Косово, заради средба со неговото семејство. Обвинетиот останува во притвор и под надзор на Специјалниот совет, се наведува во соопштението на Судот доставено до неколку приштински медиуми.

За време на престојот во Косово, Тачи ќе биде под надзор на припадници на косовската и на полицијата на Мисијата на ЕУ за владеење на правото, ЕУЛЕКС.

На Тачи и на уште неколкумина поранешни водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во Хаг им се суди за претпоставени злосторства врз цивили во периодот од почетокот на војната во Косово во 1998-ма до крајот на 2000 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk