logo
logo
logo

Тројца активисти на вчерашните протести во Белград добија затворски казни

Vecer | 11.08.2024

Тројца активисти на вчерашните протести во Белград добија затворски казни

Претставникот на организацијата „Не дамо Јадар“ Златко Кокановиќ денеска потврди дека по синоќешниот протест тројца активисти се осудени на 40 и 30 дена затвор за нарушување на јавниот ред и мир и ги повика граѓаните масовно да се соберат пред зградата на Владата на Србија вечерва во 18 часот .

„Во 18:00 часот на раскрсницата кај Владата на Србија мора да се собереме во што поголем број. Ова е Северна Кореја“, рече Кокановиќ. Тој оцени дека пресудата против активистите е политичка.

„Ова очигледно не е судиска пресуда, некој одозгора донесе пресуда, а тие се само личности кои извршуваат туѓи наредби“, изјави Кокановиќ за бечлградски медиуми.

Актерката Јелена Ступљанин ги повика граѓаните „да излезат надвор“.

Љиљана Браловиќ, активистка на Алијансата на еколошките организации на Србија (СЕОС), рече дека „важно е да се поддржат децата, бидејќи тие можеле да бидат чии било деца“. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk