logo
logo
logo

Вучиќ од Пекинг: „ЗНАЧИ, МОЖНО Е НАСКОРО ДА ПОДНЕСАМ ОСТАВКА“ (ВИДЕО)

Vecer | 24.05.2026

Вучиќ од Пекинг: „ЗНАЧИ, МОЖНО Е НАСКОРО ДА ПОДНЕСАМ ОСТАВКА“ (ВИДЕО)

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека неговиот мандат се ближи кон крај и дека не ја исклучува можноста да поднесе оставка, што предизвика нов бран реакции во политичката јавност во Србија.

Зборувајќи пред новинарите во Пекинг, на почетокот од неговата посета на Кина, Вучиќ нагласи дека нема намера да го скратува мандатот по примерот на поранешниот претседател Борис Тадиќ.

– Значи, можно е наскоро да поднесам оставка – изјави Вучиќ, без да даде дополнителни детали околу можниот временски рок или политичките околности зад ваквата најава.

Во истото обраќање, српскиот претседател се осврна и на синоќешните собири во Белград, оценувајќи дека не претставувале сериозен политички притисок.

Според него, собирите на Славија биле „празни и без јасна содржина“, а инцидентите што следувале по нив, како што рече, се обид да се создаде нестабилност.

-Три служби дадоа проценка за бројот на собрани луѓе синоќа, почнувајќи од 30.500 до 34.300, а ние ја прифативме највисоката проценка, иако прецизните податоци покажуваат дека имало малку помалку од 34 илјади присутни луѓе, изјави Вучиќ.

Вучиќ најави и нови активности на Српската напредна странка, која, како што рече, ќе организира собири од 26 до 28 јуни.

– Пораките што ќе им бидат испратени на граѓаните се поважни од бројките – порача српскиот претседател, најавувајќи политичка мобилизација во наредниот период.

Изјавата за можна оставка и најавата за нови собири доаѓаат во чувствителен политички момент во Србија, со засилени тензии меѓу властите и дел од опозицијата и граѓанските групи.

Во врска со предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц за побрза интеграција на Западен Балкан и Молдавија, со придружно членство за Украина, Вучиќ рече дека овој предлог не е особено добар за Србија.

„Важно е што германскиот канцелар излезе со нешто поинакво и нешто што е пореално. Не сум задоволен од содржината за Србија. Тоа е многу подобар предлог за Украина отколку за Србија“, рече тој.

На коментарот на европратеникот Андреас Шидер дека го запрел железничкиот сообраќај во Србија од страв од сопствените граѓани пред вчерашниот протест на плоштадот Славија во Белград, Вучиќ рече дека „тие, за разлика од г-дин Шидер, немаат проблем со демонстрациите“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk