Во Европската Унија, во третиот квартал од 2025 година, е забележано зголемување на регистрациите на нови компании, за четири проценти во споредба со претходниот квартал, но во исто време, бројот на компании што банкротирале е зголемен за 4,4 проценти, објави Евростат.
Кварталното зголемување на регистрацијата на нови компании е забележано во сите сектори, а најизразено во информациските и комуникациските технологии (ИКТ) за шест проценти, градежништвото за 5,9 проценти и транспортот за 5,5 проценти.
Ако го погледнеме бројот на банкроти, заклучуваме дека трендот е нерамномерен. Зголемување е забележано во пет сектори, а намалување на бројот на банкроти во три.
Највисоко квартално зголемување на несолвентноста на компаниите е забележано во услугите за сместување и угостителство за 20,7 проценти, транспортот за 18,7 проценти и финансиските услуги за 14,1 процент.
Спротивно на тоа, кварталниот пад на бројот на банкноти е регистриран во ИКТ секторот за 4,8 проценти, градежништвото за 3,1 процент и индустријата за 0,1 процент, се наведува на веб-страницата на Евростат.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата