logo
logo
logo

СО БУЏЕТОТ СЕ ПРЕДВИДУВА РАСТ ОД 3,8%, стабилизирање на инфлацијата

Vecer | 15.11.2025

СО БУЏЕТОТ СЕ ПРЕДВИДУВА РАСТ ОД 3,8%, стабилизирање на инфлацијата

На денешната комисиска расправа за Предлог буџетот за 2026 година се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Златко Пенков кој истакна дека со буџетот се предвидува раст на БДП, стабилизирање на инфлацијата, односно буџет кој одговара на потребите на граѓаните и овозможува подобри услови во повеќе области.

-За 2026 како основен економски индикатор се предвидува раст на БДП од 3,8%, во четири последователни квартали имаме раст од 3%, значи предвидената стапка на раст не е случајна, следува врз основа на растот во неколку квартали над 3%. Вториот исклучително важен економски индикатор е стапката на инфлација која за 2026 година е детерминирана на 2,5%. Ова значи дека имаме континуиран економски раст, дека имаме стабилизирање на инфлацијата, добро менаџирање на јавните пари, креирање на буџет кој треба да биде ставен во функција на решавање на проблемите на граѓаните, рече Пенков.

Пратеникот Пенков истакна дека посакуваниот резултат кога се проектира еден буџет е да се детерминираат политики и мерки кои ќе овозможат подобар живот на секој поединец, при што наведе три сегменти кои се клучни во однос на тоа.

-Главните двигатели несомнено ќе бидат зголемената економска активност кај градежништвото и порастот на приватната потрошувачка, но и платите и пензиите ќе растат. Сакам да укажам на две, три работи. Првата работа е уште поинтензивни политики во делот на привлекување на странски директни инвестиции, со кои ќе се овозможи уште поголем раст на БДП, фискалниот потенцијал на сивата економија е некаде околу 700 милиони евра годишно, доколку таа неформална економија се стави во формални рамки ќе имаме дополнителен импут на раст на БДП и на крај да кажам дека повисоките стапки на раст на државата се поврзани со развојот на единиците на локалната самоуправа, вели Пенков.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk