logo
logo
logo

Како до светла иднина и финансиска независност?

Vecer | 28.09.2023

Како до светла иднина и финансиска независност?

Достигнувањето на финансиска независност и светла иднина е пат со многу насоки кој бара крерирање на добар план, дисциплина и посветеност.

На патот до вашата финансиска слобода, често ќе треба да се соочите и со надминување на некои препреки и прилагодувања, но, со посветено и паметно финансиско менаџирање, целите се секогаш достижни.

Еве неколку совети кои може да ги искористите во таа насока:

  • Поставете јасни цели.

Дефинирајте што точно посакувате. Реновирање на вашиот дом;  професионално или академско надградување; патување;  започнување на ваш личен бизнис.. Притоа, секогаш поставувајте ги целите за исполнување по личен приоритет.

  • Дефинирајте потребен буџет:

Следете ги вашите приходи и трошоци. Ова ќе ви помогне да разберете каде одат вашите пари и како би можеле да го намалите трошењето или да заштедите повеќе.

  • Функционирајте во рамки на вашите можности.

Избегнувајте прекумерно трошење и инфлација на животниот стил. Потрошете помалку отколку што заработувате и зачувајте ја разликата. Така ќе создадете простор за заштеди и инвестиции.

  • Отплатете го долгот со висока камата.

Приоритет нека ви биде што е можна побрза отплата на долгови со висока камата. Намалувањето на долгот ќе ослободи повеќе од вашиот приход за штедење и вложување.

  • Останете посветени.

Дисциплината и посветеноста ќе ве држат мотивирани и фокусирани за да стигнете до посакуваното.

Во однос на банкарски понуди, кои се соодветни и вредни за разгледување за реализирање на некоја од вашите цели,  Халкбанк ви го посочува нивниот  Потрошувачкиот кредит со полиса од незгода.

Овој ненаменски кредит може да се искористи за задоволување на важни потреби, но и за рефинансирање на постојни кредити во други банки, со што може знаително да се добие и намалување на месечните рати.

Се работи за единствен вид на кредит кој на кредитобарателите им овозможува и дополнителен слој на заштита. Ова е производ кој обезбедува целосна заштита на корисникот и неговото семејство и е со фиксна каматна стапка од 5,9% за првите две години. За остатокот од периодот се пресметува варијабилна каматна стапка дефинирана како: 2 пп + референтната стапка за пресметување на стапката на законската казнена камата која во моментов изнесува 6% (8% номинална каматна стапка), не пониско од 7%.

За овој кредит, максималниот износ на одобрени средства е 1.200.000 денари, а максималниот рок на враќање е до 120 месеци. Провизијата за обработка на кредитот изнесува 0,5% еднократно однапред, а во случај на негова предвремена отплата, не се наплатува провизија. Задолжителната полиса од незгода е издадена од Халк Осигурување АД Скопје и изнесува 1000 денари годишно, за период еднаков на рокот на отплата на кредитот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk