logo
logo
logo

„Лидл“ ќе гради логистички центар кај Куманово

Vecer | 02.09.2023

„Лидл“ ќе гради логистички центар кај Куманово

Компанијата „Лидл“ ќе гради логистички центар во индустриска развојна зона во Горно Коњаре кај Куманово, објави Општина Куманово која информира дека вчера на јавно наддавање продаде земјиште на трговскиот ланец за изградба на логистички центар.

Компанијата купи површина од 17 хектари (170.996м2) за кои ќе плати 5,3 милиони евра.

На јавното наддавање по пат на електронска аукција учестувале 3 компании, а најповолен понудувач со највисока понудена цена имала „Лидл“, македонската подружница со седиште во Скопје.

Најповолната понуда изнесува 1906 денари за 1 м2, или вкупно за 170.996м2 (~17ха) е 325.920.015 денари (~5,3 милиони евра), соопшти општината.

Како што е соопштено, по завршување на административната постапка за избор на најповолен понудувач и по исполнување на сите услови пропишани во јавниот повик, имотот ќе премине во сопственост на најповолниот понудувач по што ќе следува реализација на инвестицијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk