logo
logo
logo

БАРБИ ТЕСТЕНИНИ СЕ НОВ ХИТ, а лесно се спремаат (ВИДЕО)

Vecer | 20.08.2023

БАРБИ ТЕСТЕНИНИ СЕ НОВ ХИТ, а лесно се спремаат (ВИДЕО)

Барби манијата не го заобиколи ниту кулинарскиот свет, а последниве неколку дена на социјалните мрежи брмчат различни рецепти за „Барби тестенини“.

Лесно се подготвува, а судејќи по коментарите на нет изгледа дека е многу вкусен.

Состојки:

поголемо цвекло

1 чешне лук, но во зависност од вкусот може и повеќе

100 гр фета сирење

80 гр јогурт

сол

бибер

тестенини

Подготовка:

Излупете го цвеклото и сварете ја пастата. Цвеклото и фета сирењето исечкајте ги на коцки и ставете ги во блендер заедно со лукот, јогуртот и зачините. Блендирајте додека не добиете компактен сос.

Соединете ги тестенините и сосот, но не заборавајте да додадете малку вода во која се варени тестенините. Послужете и украсете со зачини по желба.

И не само што оброкот ќе биде пријатен за око, туку и ќе уживате во  добар вкус.

https://youtu.be/508PqGJTYj8

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk