Можете да додадете состојки по желба, но и зачини, а нашиот предлог е следниот.
Пицата е едно од најпопуларните јадења во светот, но нејзината подготовка дома трае малку време. Доколку сакате да подготвите брзо и подеднакво вкусно јадење, тогаш ви предлагаме да направите лажна пица.
Можете да додадете состојки по желба, но и зачини, а нашиот предлог е следниот. Овој рецепт за лажна пица го виделе над 12 милиони луѓе, а најдобро од сè, потребни се само 10 минути.
Состојки:
бибер
кромид
прстофат оригано
прстофат лук во прав
нотка мелена пиперка
Тост леб
путер
кечап
тврдо сирење
Подготовка:
Испечениот леб премачкајте го со путер, па свртете го на другата страна и премачкајте со кечап.
Посипете со рендано тврдо сирење и наредете сечкана пиперка и кромид.
Потоа посолете, па посипете со оригано, мелена пиперка и лук во прав. Се ставаат во чиста тава од подмачканата страна и се покрива.
Се пече на ниска температура околу 5 минути.
Видео:
https://youtu.be/W7BTAtkPU6E
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата