Ви претставуваме рецепт за десерт кој и бил омилен на познатата султанија Хурем. Неколку едноставни состојки и ќе имате совршено слатко задоволство за целото семејство.
Потребни состојки:
- 4 дуњи
- 2 калинки
- 1,5 чаша вода
- 1,5 чаша шеќер
Начин на приготување: Дуњите се лупат и се сечат на половина. Се издлабуваат и се додава шеќер, вода и калинка како на видеото и се варат на шпорет 30-40 минути. Во меѓувреме, не користете многу големо тенџере, користете тенџере кое одлично одговара на дуњите. Одвреме-навреме превртете ги наопаку за да се готват од сите страни. Не заборавајте да готвите на ниска температура. Чувајте го капакот на тенџерето затворен. Откако ќе се стават последните дуњи на чинијата, калинката која останала на дното се поместува на површината. Со преостанатиот сос прелијте ги дуњите за подобар изглед и вкус.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата