Оваа пита е совршен оброк кој ќе го задоволи секој што ја јаде, а лесно и брзо се прави
Состојки за пита:
• 700гр готови кори
• 1 голем праз
• 4 јајца
• 500 гр мелено месо
• 1 прашок за пециво
• 1 павлака
• 150мл масло
• 400мл вода
• сол, бибер и зачини по желба.
Подготовка: На загреано масло пропржете го празот и меленото месо со зачини. Кога ќе ја направите смесата оставете ја да се излади. Во посебен сад изматете ги јајцата и павлаката. Во трет сад измешајте вода, прашок за пециво и масло.
Се подготвува со редење четири кори кои ги премачкувате само со мешавина од масло, вода и прашок за пециво. Потоа ставете го филот со месо, па повторно корите што ги премачкате, па филот со месо. На крај исечете ја питата на коцки и прелијте ја со јајца и павлака.
Се пече на 200 степени целзиусови околу 45 минути.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата