Јуло за двете златни одличја од филипинската Влада ќе добие парична награда од околу 350.000 долари, а од Претставничкиот дом уште 100.000 евра.
Подароци на гимнастичарот му врачија и бројни бизнисмени и филипински компании. Јуло доби стан со површина од 100 м2 во градот Тагуиг, двата водечки авиопревозници во земјата му ветија бесплатни авионски билети доживотно, а на подарок доби и разни козметички производи, бесплатни оброци, слатки производи, лекарски прегледи …
Локалната платформа за стриминг му овозможи доживотен пристап до целата нејзина содржина, а дарежливи награди беа објавени и од неговиот роден град Манила.
Филипинскиот гимнастичар Јуло на Игрите Париз злато во натпреварувањата на партер о во прескок. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата