Американската адвокатка Лаура Васер (53) сега на својата листа победи може да го додаде и успешното решавање на разводот на Кевин Костнер и Кристин Баумгартнер. Таа и нејзиниот тим, застапувајќи го Кевин Костнер, користеле вешти правни маневри за да го прекинат четиримесечниот судски спор за поделбата на имотот, алиментацијата и трошоците за живот, кој со денови ги полнеше медиумите. Кристин Баумгартнер се согласила на спогодба и никој не треба да ја чека одлуката на судот, евентуална жалба од незадоволната страна или да го преживува понатамошното резвлекување на случајот во медиумите и по социјалните мрежи.
Васер уште еднаш покажа зошто ја нарекуваат „disso queen“ или кралица на разводите.
Во нејзините архиви веќе се зачувани случаите на развод на Џони Деп и Амбер Херд, Анџелина Џоли и Били Боб Торнтон, и Анџелина Џоли и Бред Пит, Бен Афлек и Џенифер Гарнер, Ким Кардашијан двапати - прво кога се разведуваше од кошаркарот Крис Хемфрис, а потоа и од Кање Вест. Нејзини клиенти биле и Кристина Агилера, Патриша Аркет, Марија Шрајвер и д-р Дре, Ештон Качер и многу други.
Госпоѓа Л.А.В.
Васер е правен змеј, крајно решителна и навидум многу ладна личност и владетелка во делот на семејното право и разводите, во кои вообичаено доминираат мажите.
- Јас се викам Лаура Алисон Васер, така што моите иницијали се ЛАВ (law, на англиски јазик закон), моите родители беа адвокати - изјавила таа во големото интервју што со неа го направи Business Insider пред неколку години.
- Меѓутоа, кога ме прашуваа дали и јас ќе бидам адвокат, велев: „Никогаш“. А потоа едно лето, кога бев на факултет, му помагав на татко ми во канцеларијата за да заработам пари. И искрено, се заљубив во работата.
Денес, оваа атрактивна љубителка на Прада и Алаја, дипломец на престижниот Универзитет Лојола, работи напорно за да ги раздвои познатите парови преку нејзината адвокатска фирма Wasser, Cooperman & Mandles во Лос Анџелес.
И познатите и богатите жени и славните и богатите мажи сакаат токму кралицата на разводот да ги застапува кога нивните бракови, честопати пред очите на јавноста, ќе почнат да се распаѓаат.
Васер, според нејзините зборови, нема преференции - 50 отсто од нејзините клиенти се жени, 50 отсто мажи. А финансиите се нејзиниот форте, делот што најтемелно го одработува во разводите и во Холивуд најчесто најчувствителниот дел од приказната. Го прави тоа за 1.000 долари на час. За разлика од колегите кои често даваат попусти на познатите личности за сметка на рекламирањето, овој збор во Васер не постои.
- Го разбирам тоа, јасно ми е. Меѓутоа, на мојот бренд не му помага тоа што застапувам познати личности – објаснила таа во Business Insider.
Таа сè уште живее во Лос Анџелес, каде што пораснала, со нејзините два сина тинејџери. Ги добила во врски со две поранешни момчиња, со кои не била мажена. Вели дека не верува во брак.
View this post on Instagram
Не верува во брак
- Бев во брак многу кратко кога имав 25 години. Се венчавме за време на моите студии, се разведовме откако го положив правосудниот испит. Повеќе сум во контакт со неговото семејство отколку со него. Тоа траеше 14 месеци и кога раскинавме, немав ништо друго освен долг и пит бул по име Раул. Бевме незрели за брак – објаснила во една прилика и додала дека не размислува за нова свадба. - Знам дека никогаш повеќе не би била толку убава невеста... А можеби работата е во мојата скржавост. Во основа сум стара хипиевка која не може да биде со еден маж цел живот.
Се застапувала сама во бракоразводната парница.
- Не сум романтична и не знам како да бидам во брак - рекла таа - но затоа знам совршено како да се разведам.
Пораснала во Беверли Хилс, посетувајќи го училиштето кое ги инспирираше креаторите на хит серијата „Беверли Хилс 90210“. Стапките на разводи меѓу богатите и моќни родители на нејзините соученички биле високи. Многу од тие разводи ги водел нејзиниот татко Денис. А нејзините родители се разделиле пријателски кога имала 16 години. Мајка и починала во 2019 година, а таткото, кој денес има 81 година, сè уште е партнер во нивната адвокатска канцеларија.
View this post on Instagram
- Знаете ли како изгледаше моето воспитување? Да речеме дека одиш во некој бар мицва и кажуваш дека си ќерка на Денис Васер. Потоа ти покажуваат каде ќе седиш во зависност од тоа кого, маж или жена, татко ми го застапувал во разводот – објаснила таа хумористично.
Поминала одредено време во интернат во Швајцарија, потоа патувала низ светот, поминала една година во Австралија, а потоа работела со кај татко и во канцеларија. Посетувајќи курс по реторика, сфатила дека она што најмногу ѝ се допаѓа кај законот е токму она што е пресудно во случаите на развод, исто како и нејзината возраст и пол.
- Се работеше за слушање на проблемите на луѓето и смислување начин како да се решат - рече таа - А јас имав 25 години, па бев на возраст кога малкумина млади се занимаваат со семејно право. Доминираа постарите мажи. Затоа решив да ги претставувам помладите луѓе кои полесно се идентификуваат со помлада жена отколку со старец во костум. Имам тетоважа. Нема да им судам кога ќе ми кажат „бејбиситерката ме виде како го пушам мојот бонг зад куќата“.
Исто така, нејзиниот темперамент повеќе одговарал за вакви случаи кои траат година, година и половина, отколку оние каде што со години застапува клиенти.
- Имам мало нарушување на вниманието, па можам да работам со еден клиент од шест до 18 месеци, а потоа се збогуваме - објасни таа. - Мислам дека и тоа е делумна причина зошто ја работам оваа работа. Еден од моите бивши е адвокат во забавната индустрија, работат процентуално, преговараат за се и сешто. Тоа ми звучи ужасно. Со мене, тоа е: внатре, надвор и ајде да одиме на нов случај, нови луѓе.
Работела со најпознатите имиња, но никогаш не зборувала за деталите од случаите
Два случаи во средината на 2000-тите го одбележаа нејзиното искачување на тронот на кралицата на разводот. Во еден од нив, Стиви Вондер беше нејзин клиент со проблем за алиментација на поранешната партнерка. Вториот беше случајот со разводот на Кевин Федерлајн и Бритни Спирс, во ноември 2006 година.
Всушност, тогашниот адвокат на Бритни и се јавил на Васер и ја замолил да разговара со поп принцезата кога таа требало да се омажи за Федерлајн.
-Ми рече дека е заљубена и не размислува премногу, но и треба некој што може да разговара со неа, некој млад со кој ќе може да се поврзе. Не сакаше да слушне за предбрачниот договор, бидејќи беше многу заљубена, па и и изгледаше ужасно да го праша идниот сопруг - се присетила таа.
View this post on Instagram
Бритни на крајот направила предбрачен договор. Кога тој брак се распадна, тие повторно се свртеа кон Васер, иако подоцна избраа друг правен тим.
Васер стана ѕвезда бидејќи разводите на познатите личности се совршена тема за шоубиз порталите кои се појавуваа насекаде во тоа време. Нешто друго им помогна на нејзиниот статус и репутација - иако работеше со најпознатите имиња, таа никогаш не зборуваше за детали за ниту еден случај. Клиентите знаеја да го ценат тоа.
View this post on Instagram
- Официјалната политика на нашата канцеларија е да не даваме изјави и да не разговараме за случаи во јавноста, дури и кога клиентите тоа го бараат од нас, рекла таа и додала дека нема да се двоуми ниту за момент да престане да работи со клиент кој ќе се обиде да ја вовлече во медиумска војна околу разводот.
Исто така, таа не сака да работи со клиенти кои не ги слушаат нејзините совети.
- Тоа се луѓе кои се навикнати да им се оствари сè што ќе посакаат, само да кимнат со главата на нивните барања. Причината е што секој човек има многу усти за хранење: 10 % за агентот, 15 % за менаџерот, 5 % за адвокатот што и да заработи... Наплаќам на час, и среќна сум што можам да кажам „не“ ако ми се чини дека не сакаат да слушаат. Отворениот разговор и јасноста се неопходни. Не се занимаваме со нереални очекувања и лудости. Не ми требаат пари од луѓе кои залутале, туку разум.
Помалку работа околу Оскарите
Во едно интервју таа открила дека нејзината работа е малку поинаква отколку на другите адвокати за развод кои (во САД) имаат најмногу работа во јануари и февруари, кога по проблематичните празници браковите се распаѓаат.
– Имаме помалку работа како што се приближуваат Оскарите, бидејќи ни велат: „Да почекаме да помине црвениот тепих“ – објаснува таа.
View this post on Instagram
Секогаш ги советува ѕвездите да потпишат предбрачни договори, бидејќи според неа бракот е деловна трансакција. Препорачува и да поднесат барање за развод во лето, на празници и во петок, бидејќи тоа значи помал медиумски притисок.
- Им советувам да се воздржат од вадење валкани алишта, особено ако имаат деца чија благосостојба секогаш треба да им биде на прво место. Не е лесно, се разбира, затоа што луѓето се повредени, се плашат и ранливи, но со клевети и дискредитирање меѓусебно само ќе ја влоши ситуацијата, вели таа и повторно нагласува дека најдобро решение секогаш е вонсудска спогодба меѓу парот, и дека е особено горда на разводите кои се откриле откако биле завршени.
Со секој нејзин клиент, кога работите ќе дојдат на суд, таа минува низ детални подготовки, дури и ангажира пензионирани судии да им помогнат, а во едно интервју изјавила дека актерите не се најдобри во тоа.
View this post on Instagram
Кои се најдобрите клиенти?
- Некои од моите најдобри клиенти се спортисти затоа што најдобро ги разбираат упатствата, велат: „Разбирам тренеру“ и прават што ќе им кажат. Најемотивни се музичарите, особено мажите, кои речиси секогаш завршуваат во солзи во судницата. Истиот гитарист, рокер кој ќе свири гитара 10 минути, на суд ќе потроши цела кутија марамчиња - откри таа.
View this post on Instagram
Споменала и како некогаш најсилното оружје во разводите биле обвинувањата дека другата страна користи дрога, заедно со заканата со фотографии.
- Денес, ако се работи за нешто легално, како марихуана, ако некое лице пуши, а децата ги нема, на повеќето луѓе во правниот систем не им е грижа. Свиткан џоинт на фотографијата? Кој се грижи – објасни таа.
Денес, дрогата ги замени обвинувањата за злоупотреба.
- Тоа е голем извор на изнуда и тоа е многу чувствителна работа, реклатаа. - Ако застапувате славна личност, или неколку познати личности, а другата страна обвинува за семејно насилство, тоа мора да го решите, но и да ја смирите јавноста. Таа ќе те суди многу пред системот да го стори тоа.
View this post on Instagram
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата