Познатиот тиктокер и јутјубер Картер Шерер неодамна платил 30.000 долари за да ја научи оваа лекција на потешкиот начин. Основачот на TeamRAR реши да си ја проба среќата со Бугати рекламиран за само 30.000 долари на Alibaba, кинеска платформа за е-трговија. Иако рекламата беше сомнителна, во неа се наведуваше дека половниот Бугати бил „уредно“ користен, што го наведе да помисли дека е во потрага по зделка на векот.
Секој што знае нешто за автомобили знае дека Бугати и нивните делови не се евтини. Дури и оштетените и отпишани примероци можат да достигнат цена и до 300.000 долари, па затоа наоѓањето еден за десетина од таа сума треба да го вклучи алармот. По месеци чекање на пратка од Кина, Шерер речиси се откажа од надежта, сè додека на неговата адреса не пристигна огромна кутија за испорака со слика од црно-црвен Бугати.
Отворање на пратката
По неколку неуспешни обиди да се отвори сандакот без оштетување на содржината, тимот мораше да користи комбинација од електрични пили, шрафцигери и чекани. Внатре во цврстиот дрвен сандак се наоѓаше добро спакуван автомобил, или барем нешто што личеше на него по форма и големина.
Отстранувањето на заштитната фолија и кафеавата хартија ја откри црната и црвената боја, токму како што беше ветено. Картер и неговиот тим возбудено ги лупеа слоевите на пакувањето, но наскоро забележаа дамки на бојата. Како што се повеќе и повеќе „автомобили“ стануваа видливи, на нивните лица можеше да се види збунетост додека сфаќаа дека нешто сериозно не е во ред.
Големо разочарување
Секој што некогаш видел слика од Бугати, без разлика дали е Вејрон или Широн, ја препознава неговата препознатлива силуета. Она што беше во сандакот воопшто не личеше на вистински автомобил. За да биде апсолутно сигурен, Картер го излупи предниот браник и виде решетка каква што ниту еден Бугати досега не користел.
@realcartersharer Temu Bugatti Update
♬ original sound - Carter Sharer
Тогаш конечно стана јасно - неговиот Бугати од Алибаба од 30.000 долари беше направен целосно од пена, шуплив одвнатре и лошо обоен за само оддалеку да личи на вистински автомобил. Квалитетот на изработка беше толку лош што копијата веројатно не вреди толку колку пакувањето во кое дојде.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата