logo
logo
logo

Овој воз е ВРВ НА ЛУКСУЗОТ! Билет во еден правец чини колку половен автомобил

Vecer | 28.09.2023

Овој воз е ВРВ НА ЛУКСУЗОТ! Билет во еден правец чини колку половен автомобил

Возењето со најлуксузниот воз на светот на релација Париз-Венеција е целосно оживување на сите гламурозни и луксузни холивудски идеи.

Сè уште можете да се возите во Ориент Експрес низ Европа. Но, не се вика така, туку „Венеција Симплон-Ориент-Експрес“ и е во сопственост на Белмонд. Како и во минатото, Ориент Експрес нуди рути низ Европа, а неговите патници уживаат во годишен одмор во воз.

Цените на возењата се неверојатно високи и зависат од дестинацијата бидејќи возот патува низ голем дел од Европа. Така, на пример, за патување од Париз до Венеција ќе потрошите најмалку 4300 евра за стандардна кабина.

Најскапиот билет на модерниот Ориент Експрес чини неверојатни 67.000 евра. Значи, оваа огромна сума пари ја издвојуваат патниците кои патуваат од Истанбул до Париз во најскапата кабина во возот.

Во цената се вклучени оброци - појадок, доцен појадок, ручек, вечера, како и ужина, услуги на стјуард и прием со шампањ по пристигнувањето.

Луксуз на шини

Луксузниот патувачки хотел, кој ја инспирираше авторката на криминални романи Агата Кристи да го напише нејзиниот познат роман „Убиство на Ориент Експрес“, од крајот на 19 век го поврзува Париз со Истанбул.

Со текот на годините, рутите се менувале, а една од најпопуларните беше од Париз до Истанбул, но и онаа што ги поврзува Лондон и Венеција.

ОЕ беше и остана познат по луксузот и елеганцијата. Внатрешноста на возот ја дизајнирале врвни дизајнери, а просторот е направен од скапоцени материјали.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk