logo
logo
logo

Морбиден ТРЕНД го зафати светот, а за се е виновна БАРБИ (ВИДЕО)

Vecer | 04.08.2023

Морбиден ТРЕНД го зафати светот, а за се е виновна БАРБИ (ВИДЕО)

Барбиманија со недели го тресе целиот свет, а фактот што погребниците одлучија да направат розови ковчези доволно говори колку филмот инспирираше многумина.

Најновата мода започна во Мексико и Ел Салвадор, но толку брзо се шири што не е исклучено да стигне и до Европа и Србија.

Имено, погребниците ширум Америка дизајнирале светло розови ковчези со тема за Барби, додека од Велика Британија тврдат дека тоа не е ништо ново, туку дека популарноста на „Барби погребната опрема“ го достигнала врвот со пристигнувањето на филмот „Барби“ во кина.

„За да можете да се одморите како Барби. Овој ковчег, со својата впечатлива, светло розова боја ја претставува искрата и енергијата на тие незаборавни моменти што ги живееле. Тоа е потсетник дека нашите приказни заслужуваат да бидат запаметени и прославени во боја и живописност. Нека оваа почаст биде прослава полна со љубов, бои и незаборавни спомени“, се вели во промотивниот клип за моделот на ковчегот „Куќа на Барби“ на мексиканскиот погребен дом „Оливарес“.

Пионерите во овој бизнис беа Салвадорците. Компанијата „Алфа и Омега“ во Авачапан минатата година направи ковчег на тема Барби. Погребникот Исак Вилегас изјави за Џем прес дека од премиерата на филмот, интересот за шарениот ковчег е без преседан.

"Сакавме да го промовираме розовиот ковчег затоа што стана тренд. Луѓето постојано не контактираат. Од 40 луѓе кои се распрашуваа за ковчегот Барби, склучивме договор со повеќе од десет. Дури и останавме без залиха", вели Вилегас.

Погребниот дом сподели видео во кое го промовира ковчегот на TikTok, каде стана вирален со 1,6 милиони прегледи и речиси 5.000 коментари.

Фото: Профи

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk