Според истражувањето Македонија е на второто место за најгневен народ во Европа, на прво место се граѓаните на Турција. Потоа слеудваат Албанија и Црна Гора со 24 %, Грција и Шпанија со скоро 23 проценти. Граѓаните вела дека не им треба анкета за да им каже некој како се чувствува. За нив гневот и лутината доаѓа кога таму каде што плаќаат данок не добиваат ништо. Најчесто политичарите ветуваат а не исполнуваат тоа граѓаните многу ги лути.
Психологот Мирјана Јовановска Стојановска со дефиниција потврудва дека човек кога е лут и гневен е нормална емоција предизвикана кога некој ќе го излаже. Она што треба да да се знае е како да се справи со таа емоција и она што некој го прави гневен треба да го промени.
Според Стојановска најголем проблем е што анкетите остануваат само како наслови, а анкетите треба да ги следат политичарите и да направат промени.
Државите со најнизок процент на гнев на дневно ниво во Европа се Финска и Естонија 7% по што следат Португалија со 8% и Холандија и Хрватска со 9%. Наодите на „Галуп“ се засноваат на речиси 146.000 интервјуа со возрасни луѓе од 142 држави во 2023 година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата