logo
logo
logo

12-годишно девојче избегало од дома за да живее со 23-годишник – полицијата ја вратила дома, тој е приведен

Vecer | 14.08.2024

12-годишно девојче избегало од дома за да живее со 23-годишник – полицијата ја вратила дома, тој е приведен

На 13.08.2023 во 00:30 часот во с.Калково, валандовско, полициски службеници од ОВР Валандово го лишиле од слобода У.Ф.(23) од с.Калково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со малолетно лице“ по член 197 од Кривичниот законик.

Во неговиот дом била пронајдена М.Ј.(12) од Росоман, за која претходно нејзиниот татко пријавил дека се оддалечила од домот и заминала да живеее со У.Ф. во неговиот дом.

Малолетничката била предадена на родителите и за настанот бил запознаен јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk