logo
logo
logo

Откако дале 10.000 евра сфатиле дека се измамени

Vecer | 30.09.2025

Откако дале 10.000 евра сфатиле дека се измамени

Вчера во 21:30 часот во Полициската станица Центар, 83-годишна жена од Скопје пријавила дека таа и нејзиниот сопруг биле измамени од едно лице за сума од 10.000 евра.

Според пријавеното, лицето им се јавило, се претставило како полициски инспектор и ги известило дека нивната внука предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила малолетник кој починал и доколку не сака таа кривично да одговара ќе треба да ги дадат парите, соопшти МВР.

Како што е пријавено, ги однеле парите на договореното место, а откако се вратиле со домот телефонски стапиле во контакт со нивната внука и сфатиле дека се измамени. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk