logo
logo
logo

СДСМ го прифати предлогот Александар Трајановски да биде нов потпретседател

Vecer | 14.11.2025

СДСМ го прифати предлогот Александар Трајановски да биде нов потпретседател

Доктор Александар Трајановски е нов потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), соопшти на денешната прес-конференција портпаролката на партијата, Богданка Кузеска.

- Вчера на Извршниот одбор, секако, беше прифатен, поддржан предлогот на претседателот Венко Филипче за потпретседател на партијата да биде реномираниот доктор Трајановски, изјави портпаролката Кузеска.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска соопштија дека доказ оти поранешниот лидер на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Зоран Заев, сè уште ги држи конците во партијата е токму поставувањето на докторот Александар Трајановски за нејзин потпретседател.

Оттаму велат дека причината за ваквото напредување на Трајановски во раководството на СДСМ е тоа што заедно со сегашниот лидер на партијата, Венко Филипче, летуваше на грчките плажи, поточно на јахтата на Заев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk