logo
logo
logo

„Скандалозно е што направивте во Тетово со Дака Давидовиќ, најтрагично е што е инволвирано црногорско и српско подземје“

Vecer | 31.07.2025

„Скандалозно е што направивте во Тетово со Дака Давидовиќ, најтрагично е што е инволвирано црногорско и српско подземје“

Пратеничката Рина Ајдари од Европски фронт на денешната седница за пратнички прашања го праша првиот вицепремиер Изет Меџити за неговиот сопартиец во Вреди, Биљал Касами, со тврдење дека како градоначалник на Тетово продал „за приватни интереси“ јавен простор во центарот на градот, парцела од околу 2900 квадратни метри за 190 000 евра, а, како што рече, реалната цена е десет пати повисока.

На обвинувањата за градоначалникот на Тетово, Меџити на седницата за пратенички прашања одговори дека во таа општина се познати парцелите дадени на црногорскиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака кој е, рече, „на црната листа на САД“.

-Беше скандалозно тоа што вие го направивте во Тетово со Дака Давидовиќ, парцела со големи размери од Тетово. Најтрагично е што не е инволвиран „Српски свет“ туку црногорското и српското подземје. Вие немате никакво морално право да обвините некој друг ако такво нешто е продадено. Јас ќе ви дадам одговор и за конкретното прашање што го поставивте и ако треба ќе дискутираме и како го донесовте Дака Давидовиќ во срцето на Тетово. Треба да дадете одговор за Дака, за Соравија и потоа да дискутираме за други прашања, додаде Меџити.

Незадоволна од одговорот, пратеничката Ајдари реплицираше дека тоа што го тврди било во периодот кога тој (Меџити) бил потпретседател на ДУИ и, како што рече, бил „тесно врзан со структурите за кои алудира дека го направиле тоа“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk