logo
logo
logo

НЕ ДОЈДОВ ЗА ДА ГЛЕДАМ, ТУКУ ДА СЛЕДАМ И ДЕЛУВАМ во борбата против корупција. И нема да запрам

Vecer | 24.05.2026

НЕ ДОЈДОВ ЗА ДА ГЛЕДАМ, ТУКУ ДА СЛЕДАМ И ДЕЛУВАМ во борбата против корупција. И нема да запрам

Премиерот Христијан Мицкоски во Охрид, во својот говор, се осврна и на борбата против корупцијата, порачувајќи дека ги разбира граѓаните кои губат трпение во однос на испораката на правдата.

-Сакам да се осврнам и на уште една важна тема. Тоа е борбата против корупцијата и постигнувањето правда. 

Го разбирам незадоволството и негодувањето кај луѓето кои сè повеќе губат трпение од испораката на правдата. Морам да кажам дека и јас не сум до крај задоволен и сметам дека може многу, многу подобро и со многу побрзи резултати. Немојте да мисли кој било од вас дека не ги слушам оние крици на луѓето кои ѝ се смеат на правдата, кои мислат за себе дека се непобедливи и дека ја измамиле правдата. Денес тие се најгласните критичари на Владата и пресоблечени измамници кои се најзагрижени за тоа дека немало правда.

Ним, и на оној дел од обвинителството кој сè почесто смислува изговори, им велам дека трпението е при крај и дека правдата ќе ги стигне сите. Без оглед на тоа какви изговори слушам, трпението е при крај и јас внимателно следам – порача Мицкоски.

Премиерот посочи дека нема да премолчи ниту кога смета дека се греши, ниту кога смета дека е потребна побрза реакција.

-Нема ни да премолчам кога мислам дека се греши, ниту кога мислам дека треба побрзо да се реагира и кога фиоките во институциите се полнат со пријави и тужби за кои обвинителството треба да реагира побрзо.

Затоа што јас не влегов во политиката за смислување изговори, туку за ставање ред, за постигнување правда и владеење на законите. Нема да отстапам од тоа да им дишеме во врат на оние кои се богатат и печалат на маката на народот.

Ова е последната шанса на оваа генерација да создаде нешто вредно што ќе остане за сите наредни – истакна Мицкоски во својот говор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk