logo
logo
logo

Се работи на изготување на закон за комунална полиција

Легитимирање, казни, приведуње, па и притвор за ФРЛАЧИТЕ НА ЃУБРЕ!

Vecer | 14.08.2024

Легитимирање, казни, приведуње, па и притвор за ФРЛАЧИТЕ НА ЃУБРЕ!

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски денеска информираше дека работна група од ЗЕЛС веќе работи на изготување на закон за комунална полиција во соработка со Министерството за внатрешни работи.

Во изјава за медиуми по денешниот координативен состанок со скопските градоначалници, Ѓорѓиевски рече дека во наредниот период и јавноста ќе треба да се запознае со тој закон.

- Размислуваме за закон за комунална полиција. Одредена работна група од ЗЕЛС работи на истото во соработка со МВР. Секако дека ќе треба во наредниот период и јавноста да го види, да се запознае со истиот. Но, мислам дека и конечно донесување на еден таков закон за комунална полиција е нешто што е од сериозна потреба за нашата земја, рече тој.

Според градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, пак, постојните проблеми во град Скопје нема да се решат доколку не се донесе закон за комунална инспекција.

- Нема да ги решиме проблемите ако не го донесеме законот за комунална инспекција. Комуналните инспектори мора да добијат овластувања, да легитимираат, да казнуваат, да приведуваат, да побараат притвор и физички да неутрализираат, посочи Јакимовски.

Дополнително, во врска со подобрување на состојбите, рече дека и цените за сервисирање на услугите на граѓаните мора да се зголемат согласно промените на трошоците.

Градоначалниците на скопските општини на денешниот координативен состанок донесоа одлука да се достави предлог до Владата и до Министерството за животна средина да ги одземат ингеренциите на јавните претпријатија за комунална хигиена и паркови и зеленило.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk