logo
logo
logo

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ ИМА ДЕТАЛИТЕ ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕТО Каква била улогата на обвинителот Коцевски во скандалот?

Vecer | 02.09.2025

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ ИМА ДЕТАЛИТЕ ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕТО Каква била улогата на обвинителот Коцевски во скандалот?

Дали Љупчо Коцевски бил обвинител одговорен да го следи издавањето на ПИ мерките со кои е прислушкуван премиерот Христијан Мицкоски, новинари и бизнисмени? И дали затоа СДС не гласаа за негово разрешување?, праша денеска Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

СДС, Зоран Заев и Венко Филипче ги злоупотребувале АНБ и Агенцијата за разузнавање, го прислушкувале претседателот Христијан Мицкоски, новинари, и бизнисмени. Службите за безбедност и разузнавање во периодот од 2019 до 2024 година, наместо за државата, работеле за СДС, а со цел политички прогон и хајка против ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски, замолчување на новинарите и уцена на бизнисмените. Ова е скандал кој е од невидени размери. И тоа токму од партијата која на власт дојде со проектот „Вистината за Македонија“. Седум години потоа вистината е поинаква, грда, но и болна – рече Петрушевски.

Според сознанијата на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на партијата Мицкоски бил следен неосновано и со цел за политичка елиминација.

– АНБ на Виктор Димовски и Заре Милошески, како и АР на Еролд Муслиу го следеле претседателот Христијан Мицкоски, неговото движење, неговата комуникација и неговото делување. Следењето на политички противник, заради негова политичка елиминација со помош на државни ресурси е крајно тоталитаристички чин и метод, кој не е виден никаде во развиените западни демократии, особено не во последните 100 години.

Тоа што Уставот го гарантира, а тоа е слободата на движење, слободата на говор и политичко организирање му било загорзено на претседателот Христијан Мицкоски од страна на СДС – рече тој и додаде дека нивните сознанија во многу подетална форма поткрепена со факти ги има и Јавното обвинителство.

Тој побара одговори на следниве прашања:

Кој бил одговорен да го следи издавањето на ПИ мерките од 2019 до 2024 година? Дали тоа е всушност сегашниот јавен обвинител Љупчо Коцевски? Кому и зошто му служеле прислушуваните материјали? Во која европска држава се следи лидер на најсилна партија и новинари и медиуми? Дали со добиените информации се тргувало со влијание и се уценувале бизнисмени?

Петрушевски бара Обвинителството итно да отвори случај и да бара одговорност од Виктор Димовски, Заре Милошески, Еролд Муслиу и од нивните политички наредбодавци во врвот на СДСМ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk