logo
logo
logo

Мрднаа работите -Во септември предистрага за судијата Ферати, СО ПРЕЧКРТУВАЊЕ СИ ПОПРАВАЛ ОЦЕНКИ И ПОСТАПКА ПРОТИВ БЕСИЈА ИЉАЗИ

Vecer | 01.10.2024

Мрднаа работите -Во септември предистрага за судијата Ферати, СО ПРЕЧКРТУВАЊЕ СИ ПОПРАВАЛ ОЦЕНКИ И ПОСТАПКА ПРОТИВ БЕСИЈА ИЉАЗИ

Транспаренси Интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна активност за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, наречена „Бистро-Матно“.

Во „бистри“ настани се дадени отворената предистрага за судијата Eљведин Ферати, кој со пречкртување си поправал оценки на тетовскиот универзитет. Предистрагата ја води Скопското јавно обвинителство.

Случајот го откри Антикорупциската комисија лани во декември, во рамки на големата ревизија со која се пребројуваа факултети и дипломирани студенти на кои им биле давани дипломи со недоволен број кредити.

По иницијатива на ДКСК, ОЈО Скопје почна постапка против поранешниот организациски директор на Клиниката за токсикологија, е вториот „бистар“ настан за септември 2024 година. Државната комисија за спречување на корупцијата денеска соопшти дека Основното јавно обвинителство Скопје, по поднесената иницијатива од страна на ДКСК за кривично гонење, ја прифатило иницијативата, оформило предмет и отпочнало постапка по обвинителен предлог против организацискиот директор на Универзитетската клиника за токсикологија.

Согласно Обвинителниот предлог, се појаснува во соопштението, обвинетата е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластувањата, согласно член 353 став 1 од Кривичниот законик.

Според Транспаренси Интернешнл-Македонија, во „матни“ се ДКСК која оформила 65 предмети за повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата во врска со изборната кампања 2024 година, ДЗР кој утврди низа неправилности во финансиското работење на Универзитетската клиника за неврологија, потоа недоследности во управувањето со буџетските средства и судските депозити, нотирани од ревизорите – Ревизорскиот извештај за финансиското работење на Основниот граѓански суд Скопје за 2023 година.

Овде се вбројуваат и истражувањето на Центарот за граѓански комуникации: На тендерите често има корупција, најмногу поради политички интереси и поткуп, но и тоа дека 13 граѓански организации бараат измени во Законот за урбанистичко планирање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk