logo
logo
logo

ДЕВОЈЧЕ ОБЈАВИ ВИДЕО КАКО ВПЕРУВА ПУШКА ВО БРАТОТ, полицијата веднаш им тропна на врата

Vecer | 15.11.2025

ДЕВОЈЧЕ ОБЈАВИ ВИДЕО КАКО ВПЕРУВА ПУШКА ВО БРАТОТ, полицијата веднаш им тропна на врата

Откако на социјалните мрежи се појави вознемирувачка видео-снимка, на која се гледа како малолетничка вперува пушка во главата на друго дете, од Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска соопштија дека го расветлиле случајот и дека нивни службеници го одзеле оружјето и дозволата за негово поседување.

Како што соопштија од МВР, настанот се случил во домот на 44-годишниот Ф.А. од крушевското село Јакреново.

Откако било пријавено дека на социјална мрежа е објавено видео на кое се гледа како 15-годишно девојче вперува огнено оружје кон главата на својот 11-годишен брат, вчера во 13 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Крушево отишле во домот на Ф.А.(44) во Јакреново и одзеле ловечка пушка, ременик и дозвола за поседување оружје.

„По преземени мерки беше утврдено дека настанот се случил во неговиот дом и беа направени консултации со јавен обвинител, оружјето е одземено и по целосно документирање на случајот против Ф.А. ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во соопштението од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk