logo
logo
logo

Обид за убиство во Гостивар

Vecer | 23.11.2024

Обид за убиство во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против осомничен за кривично дело убиство во обид и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи.

Како што информира ОЈО, осомничениот вчера со пиштол, кој го поседувал без дозвола, се обидел да лиши од живот лице кое дошло во неговата продавница за автомобилски делови, за да го поправи возилото.

„Околу поправката настанала вербална расправија меѓу нив, по што оштетениот го турнал осомничениот кон возилото, со цел да го натера да му го поправи. Но, осомничениот влегол во куќата и револтиран го зел пиштолот „црвена застава“ со калибар 7,65 мм што го поседувал неовластено и испукал проектил кон оштетениот. Не го погодил, а куршумот завршил во вратата на возилото“, информира ОЈО.

Бидејќи постојат законските основи, јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk