logo
logo
logo

ОД ПОНЕДЕЛНИК ПОЧНУВА ПЛАНОТ ВО ПРАВОСУДСТВОТО: „Чекавме, дадовме шанса, доволно беше“

Vecer | 29.11.2024

ОД ПОНЕДЕЛНИК ПОЧНУВА ПЛАНОТ ВО ПРАВОСУДСТВОТО: „Чекавме, дадовме шанса, доволно беше“

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека од понеделник почнува робусна акција против корумпирани судии и обвинители, со кои, како што претходно рече, ако треба ќе се справат и на поинаков начин.

-Мислам дека имате претстава дека не функционираме како естрада и јас сега нема да кажувам како што во минатото се случуваше пред камери и медиуми или да носам специјални полициски единици и да понижувам луѓе. Имаме план и од понеделник почнуваме со имплементација на планот. Доволно беше чекање. Чекавме, дадовме шанса, очигледно дека прежестоки нападите на дијареја, грчеви во црева, главоболка, анксиозност кога треба да се потпише последниот указ за да се спроведе правдата, кај поедини обвинители, рече денеска Мицкоски.

Мицкоски останува на ставот дека треба да се распуштат двете правосудни тела – Советот на обвинители и Судскиот совет. Намерата на владата да ги распушти двете правосудни тела предизвикува бранување уште од почетокот на мандатот. ЕУ и САД му даваат поддршка на Судскиот совет, бараат тој да се реформира согласно предлозите на европските експерти, и сметаат дека владата на овој начин се меша во независноста на судството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk