За состојбите во јавниот превоз во Скопје, советничкат Александра Марковска-Илиевска рече дека проблемот е што се смениле 10 директори во ЈСП, и дека во другите јавни претпријатија се најавуваат проблеми.
„Благодарение на лошото менаџирање на градот Скопје и менување на 10 директори на ЈСП, дојдовме до оваа ситуација. Ова не е криза, ова е крах на ЈСП. Во иднина очекуваме и во другите јавните претпријатија каде што има проблеми“, рече Марковска-Илиевска за Дејли Клик плус на ТВ21.
Марковска-Илиевска вчера на седница во своето обраќање посочи за низата неправилности што се случувале во делот на реализација на програмите за работа во одредени училишта. Дополнително, додаде дека Инспекторатот ќе проверува дали и колку е извршена реализација. Напомена дека нема да дозволи да се врши злоупотреба и од таа причина нема да гласа.
„Во делот на спортските активности, односно тимовите, да немате реализирана програма. Да си назначувате претседател на училиштен одбор на наставнички совет е кршење на законот и повлекува кривична одговорност. Ве молам, не се работи за технички грешки, се работи за суштински грешки и од таа причина онаму каде што нема реализирано програма, нема да гласам“, децидна беше Марковска-Илиевска.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата