logo
logo
logo

СДС и Левица во Гази Баба гласаа против проектите кои ги финансира Владата

Vecer | 30.10.2024

СДС и Левица во Гази Баба гласаа против проектите кои ги финансира Владата

Попладнево се оддржа седница на Советот на општина Гази Баба на која на дневен ред се најде ребаланс на буџетот на општината со цел зголеување на буџетот за 3 милиони евра, средства кои Гази Баба ги доби по јавниот повик од Владата на Република Македонија за финансирање на инфраструктурни проекти, пишува Курир.

Скандалозно е тоа што Советниците во Советот на општина Гази Баба од редовите на СДСМ и Левица не дадоа поддршка за донесување на ребалансот на буџетот со што тие директно се против реализација на 4 капитални проекти кои општина Гази Баба ги добива со финансиска поддршка од Владата.

Ребалансот на буџетот беше донесен со поддршка од гласовите на Советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со што се отвара патот за реализација на проектите како што се нова детска градинка во Инџиково, културен дом во Ченто, спортска сала во Црешево и нова улица помеѓу Маџари и Керамидница која е услов за изградба на нова градинка на тој простор следната година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk