logo
logo
logo

„Современите џелати од Аушвиц се на Онкологија“

Vecer | 03.09.2023

„Современите џелати од Аушвиц се на Онкологија“

Познатиот македонски хуманист и пастор, велешанецот Филип Иванов со остра критика кон најновиот мега скандал на Онкологија.

Ако некогаш сте се прашувале какви биле луѓето што работеле во Аушвиц, каква психа и свест имале, не барајте примери подалеку од тие на Онкологија. Ете такви биле, навидум обични луѓе, но во суштина целосно бездушни, пишува Иванов.

Според Иванов „Аушвиц да успее, морало целиот тој синџир на злото да биде непрекинат, од прв до последен, од Хитлер до најмалиот чиновник морале да бидат оддадени на култ на зло и смрт. Така и овде, од министер и директор, па се до медицинска сестра морале да се во ист демонски шаблон“.

Се плашам дека во овој случај, како оној за модуларната болница што изгоре, сега наместо кабелот ќе излезат криви шишенцата, може сами си ги смениле местата, па тие скапите случајно завршиле во Косово, а другиве со солена водичка кај тешко болни пациенти, заклучува овој македонски хуманист.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk