logo
logo
logo

Дон Карло одлучи: “Десетката“ на Бразил на СП нема да ја носи Нејмар, туку…

Vecer | 24.05.2026

Дон Карло одлучи: “Десетката“ на Бразил на СП нема да ја носи Нејмар, туку…

Фото: Brasil Football 🇧🇷@BrasilEdition X

Бразил може да здивне. Миленикот на нацијата, Нејмар, сепак ќе патува на Мундијалот. Мега – ѕвездата на Сантос, доби повик од селекторот Карло Анчелоти. Навивачите бараа легендарниот офанзивен играч да биде меѓу 26-те играчи за Мундијалот, а тоа Дон Карло им го овозможи.
Ѕвездата на Сантос моментално се бори со повреда. Ќе ги пропушти подготвителните натпревари, што сигурно не му се допаѓа на Дон Карло, кој буквално, под голем притисок од јавноста, се согласи да го покани овој фудбалер.
Сепак, ништо не може да промени една од неговите одлуки. Нејмар нема да го добие дресот со број 10. Тој му припаѓа на Винисиус Жуниор.

Во Бразил “ГОРИ“ поради дресот со број 10. Анчелоти донесе одлука Винисиус Жуниор да го носи бројот 10. Нејмар ќе го има бројот 13 на грб“, пренесуваат меиумите во Бразил.

Карло Анчелоти едноставно не можеше да дозволи да му кажат на кого да го даде дресот со број 10. Тоа едноставно би било премногу во овој случај, а очигледно не инсистираше ниту Федерацијата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk