logo
logo
logo

Имаат само 150.000 жители, а се на бод до пласман на Светското првенство 2026!

Vecer | 14.11.2025

Имаат само 150.000 жители, а се на бод до пласман на Светското првенство 2026!

фото: Curaçao National Football Team (X)

Со уште една импресивна победа, фудбалерите на Куракао го презедоа врвот во квалификациската група за Светското првенство и пред последното коло им треба само бод за првиот, историски пласман на Светското првенство.

Куракао е приказна на годината во квалификациите за Светското првенство, а по победата од 7-0 над Бермудите на гости, им треба само еден бод во квалификациите за зоната КОНКАКАФ (Северна и Централна Америка) за да одат на Мундијалот.

Оваа поранешна холандска колонија, во случај да се квалификува за Светското првенство, би станала најмалата земја во историјата што играла на Светското првенство, и тоа убедливо. На островите живеат приближно 150.000 жители. Куракао е составен претежно од играчи од холандското првенство, а многу од нив играле и во други лиги во Европа.

Во последното коло и дербито против Јамајка, Куракао ќе оди на бод за да стане најмалата земја во историјата што се квалификувала за Светското првенство. Натпреварот се игра на Јамајка. Дури и да не успее, ќе има голема шанса преку баражот да обезбеди пат на Мундијалот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk