logo
logo
logo

Каде е Винисиус кога Реал Мадрид плаче?

Vecer | 24.05.2026

Каде е Винисиус кога Реал Мадрид плаче?

ФОТО:facebook.com/RealMadrid/

Отсуството на Винисиус Жуниор од прошталниот натпревар за неколку иконски личности за Реал Мадрид против Атлетик Билбао не остави добар впечаток на мадридска „Марка“.

Другиот водечки дневен весник во шпанската престолнина, „Ас“, прави паралела за тоа како Федерико Валверде, Џуд Белингам и Браим Дијаз беа трогнати од говорот на Даниел Карвахал, кој го остави „Бернабеу“ во солзи. Давид Алаба исто така беше емотивно испратен.

И во позадина на овие легендарни сцени за секој навивач на Реал Мадрид низ целиот свет, Винисиус Жуниор повторно се чини дека е заинтересиран само за себе.

„Фактот дека Винисиус не беше на стадионот повторно зборува сам за себе оваа сезона. Тој е на одмор, како и секогаш, премногу заинтересиран само за своите работи“, напиша „Марка“.

Бразилецот доби предвремен личен одмор за да се подготви за Светското првенство во 2026 година.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk