logo
logo
logo

Куртоа не дозволи продолженија: Реал со 3:2 ја совлада Борусија (Д) за полуфинале

Vecer | 05.07.2025

Куртоа не дозволи продолженија: Реал со 3:2 ја совлада Борусија (Д) за полуфинале

фото: Real Madrid C.F. (X)

Реал Мадрид е последниот патник во полуфиналето на Светското клупско првенство, откако во вистинска фудбалска драма во судиското продолжение успеа да слави со 3:2 на натпреварот со Борусија (Д).

„Кралевите“ го контролираа текот на мечот се до судиското продолжение кое донесе невидена фудбалска драма. Реал поведе рано, уште во 10. минута со голот на новата напаѓачка ѕвезда на тимот, Гонзало. Само десет минути подоцна, Фран Гарсија успеа да погоди по одличната асистенција на Трент за 2:0.

Кога се чинеше дека мечот оди во сигурна насока за Шпанците, Германците го потврдија својот менталитет да се игра до последната секунда. Со голот на Бајер во 93. минута „милионерите“ намалија на 2:1 по што почна големата драма на стадионот во Њујорк.

Реал успеа со еден прекрасен гол на Мбапе да се врати на +2 (3:1) во 94. минута, по што следуваше црвен картон за новиот дефанзивец на Реал, Хујсен и брз пенал за Борусија кој Гираси го претвори во гол во 98. минута за 3:2. Само што тргнаа од центарот во последните секунди од продолжението, Сабитцер доби зицер, биеше одлично, но Куртоа со една бравурозна одбрана го спаси Реал од продолженија.

Во полуфиналето на СКП, Реал ќе се сретне со европскиот шампион ПСЖ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk