Потрагата на „Fenway Sports Group“ за инвестиции во Ливерпул е финиширана откако сопствениците на „Црвените“ потврдија дека компанијата „Dynasty Equity“ купила мал дел од контролниот пакет на акции во клубот, а со овој потег ќе биде исчистен банкарскиот долг на клубот, а парите нема да бидат искористени за инвестиции во играчкиот кадар.
Од клубот не ја соопштија сумата, но се претпоставува дека е меѓу 100 и 200 милиони долари. Во овој момент нема да има промени во контролниот сектор во фудбалскиот клуб.
sportmedia.mk