logo
logo
logo

Шампионката Иманe Калиф: МАШКО ЛИ Е, ЖЕНСКО ЛИ Е - НА КРАЈ ЌЕ РЕШАВА СУДОТ

Vecer | 11.08.2024

Шампионката Иманe Калиф: МАШКО ЛИ Е, ЖЕНСКО ЛИ Е - НА КРАЈ ЌЕ РЕШАВА СУДОТ

Олимписката боксерска шампионка Иманe Келиф од Алжир поднесе тужба во Франција за малтретирање преку Интернет, по бројните критики и според неа лажни тврдења за нејзиниот пол за време на Олимписките игри во Париз, изјави денеска нејзиниот адвокат.

Келиф во петокот го освои олимпиското злато во полусредна категорија, по две недели јавен интерес за неа, како и за тајванската боксерка Лин Џу Тинг, и критиките дека тие две (ипи двајца) не треба да се натпреваруваат во женска конкуренција бидејќи им се утврдени машки хормони.

– Жалбата е поднесена во петокот до специјалната единица на париското обвинителство за борба против говорот на омраза на Интернет и сериозното сајбер малтретирање насочено кон Келиф – изјави адвокатот Набил Буди.

Во објавата тој ја опиша како „мазогинска, расистичка и сексистичка кампања“ против боксерката.

Сега обвинителите треба да одлучат дали ќе отворат истрага. Како што е вообичаено во француското право, во жалбата не се наведува името на наводниот сторител, оставајќи им на истражителите да утврдат кој би можел да биде виновен.

По првата борба на Келиф на олимпискиот турнир, кога Италијанката Анѓела Карини и ја предаде борбата по 46 секунди, на социјалните мрежи се појавија тврдења дека Келиф е трансродова или дека е маж, што беше одбиено и осудено од Меѓународниот олимписки комитет. 

Келиф рече дека таквите заблуди за нејзиниот пол „му штетат на човечкото достоинство“. Адвокатот не кажа дали е поднесена и валидна документација за полот при раѓање на неговата клиентка, што би потврдило основаност дека е навредувана.

Но, во Меѓународната боксерката федерација тврдат дека таа не може да се натпреварува со други жени поради своите машки особини. Олимпискиот комитет, како организатор на Олимпијадата, не е должен да ја почитува оваа одлука на Меѓунаридната боксерска федерација.

Келиф и Лин беа дисквалификувана од Светското првенство во Индија минатата година, откако Меѓународната боксерска федерација соопшти дека нивните полови резултати биле неодредени, но и не доставиле документација за својот пол од раѓање.

Тие две добија поддршка од своите матични држави Тајван и Алжир, а поранешниот американски претседател Доналд Трамп и писателката Џ.К. Роулинг се придружија на критиките и тврдењата дека се мажи или трансродови луѓе.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk