logo
logo
logo

Берлин: Заплашувањата кон молдавската дијаспора се недозволиви

Vecer | 04.11.2024

Берлин: Заплашувањата кон молдавската дијаспора се недозволиви

Според Владата во Берлин, за време на вториот круг од претседателските избори во Молдавија викендов бил забележан „масивен и координиран обид (...) да се лишат Молдавците во странство од правото на глас, заканувајќи им се со бомбашки напади во избирачките места“.

Портпарол на германското Министерство за надворешни работи посочи дека вакви случаи имало во избирачки места во германските градови Хамбург, Франкфурт, Кајзерслаутерн, како и во Берлин. Освен тоа, изјави дека слични пријави имало и во Букурешт и Шпанија.

Проевропската претседателка Маја Санду својот реизбор на вториот круг во голема мера го должи на силната мобилизација на молдавската дијаспора: од 326.000 поднесени гласачки ливчиња во странство, 270.000 биле за неа.

Кампањата во Молдавија беше засенета од обвинувања за руска вмешаност во изборниот процес. Молдавската полиција истражува наводни „обиди за дестабилизација“ од страна на Москва, кои вклучуваат дезинформации, масовно купување гласови, закани за смрт, кибернапади и „организиран транспорт“ на гласачи./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk