РИМ: Италијанските обвинители започнаа истрага откако 25 мачки исчезнаа во градот Коне, во долината Аоста, во текот на јуни и јули.
Организацијата за права на животните AIDAA понуди награда од 1.000 евра за информации што ќе доведат до апсење и осуда на осомничен за сериско убивање мачки, објави Анса.
Телата на две од животните беа пронајдени во пластични кеси, додека другите исчезнаа без трага.
Меѓу нив е и една мачка чија GPS огрлица беше пронајдена на тревник.
AIDAA соопшти дека ангажирала профилер за да создаде „психолошки профил“ на осомничениот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата