Филипинската војска извести за „опасни дејствија“ на два кинески авиони кои на 8 август истрелаа проектили на патеката на авион на филипинското воздухопловство кој вршеше рутинска патрола над Скарборо Шол во Јужното Кинеско Море, пренесуваат британските медиуми.
Филипинскиот министер за одбрана Жилберто Теодоро изрази надеж дека Кина ќе ги почитува меѓународните закони и изјави дека е неопходно да се деескалираат тензиите.
Претседателот на Филипините Фердинанд Маркос изјави дека дејствијата на Кина се „неоправдани, незаконски и непромислени“, додека нема коментар од кинеската амбасада во Манила.
Кинеската војска на конференција соопшти дека филипинскиот авион илегално влегол во кинескиот воздушен простор и покрај постојаното предупредување.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата