logo
logo
logo

Иран спроведува воена вежба на север во време на зголемени тензии со Израел

Vecer | 13.08.2024

Иран спроведува воена вежба на север во време на зголемени тензии со Израел

Иран спроведува воена вежба во северниот дел на земјата, јавуваат локални медиуми. Воената вежба се случува во време кога регионот стравува од одговорот на Иран кон Израел поради убиството на лидерот на „Хамас“, Исмаил Ханија, минатиот месец во Техеран.

Вежбата се одвива денеска од 19:30 до 20:30 часот по локално време во иранската провинција Гилан на Каспиското Море. Целта е да се засили одбранбената готовност на иранските поморски сили, соопшти официјален претставник.

Ова е втора воена вежба на Иран во последните три дена. Иран вети одговор на Израел по убиството на Ханија на 31 јули во Техеран. Израел е обвинет за убиството, но не презеде одговорност. Убиството предизвика закани за одмазда од страна на Иран кон Израел, што ја зголеми загриженоста за поширок конфликт на Блискиот Исток.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk