logo
logo
logo

Јапонија ја повика Кина да преземе „соодветни мерки“

Vecer | 15.11.2025

Јапонија ја повика Кина да преземе „соодветни мерки“

Главниот секретар на јапонската Влада, Минору Кихара изјави дека Токио „и доставил порака на Кина и категорично ја повикал да преземе соодветни мерки“. Но, тој не прецизираше какви мерки треба да преземе Пекинг.

Неговата изјава уследи откако Кина вчера им препорача на своите граѓани да избегнуваат патувања во Јапонија поради тензиите предизвикани од изјавата на јапонската премиерка Санае Такаичи дека Токио би можел воено да интервенира за да го одбрани Тајван, остров што Пекинг го смета за отцепена покраина.

Исто така Пекинг наведе дека „јапонските лидери неодамна дале отворено провокативни изјави за Тајван, кои сериозно ја нарушиле климата помеѓу народите“.

- Токио и Пекинг имаат различни ставови за Тајван и дека е важно да се одржи комуникацијата, истакна Кихара.

Кина тврди дека Тајван е дел од нејзината територија и не ја исклучува употребата на сила за да воспостави контрола врз островот, кој се наоѓа само 110 километри од Јапонија. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk