logo
logo
logo

Кина очекува рекордни 700 милиони патнички летови годинава

Vecer | 14.08.2024

Кина очекува рекордни 700 милиони патнички летови годинава

 Кина очекува дека годинава ќе оствари рекордни 700 милиони патнички летови, надминувајќи ги бројките постигнати пред пандемијата со коронавирусот, изјави шефот на кинеската Управа за цивилно воздухопловство, Сонг Жијонг, на Самитот за безбедност на воздухопловството во Азија и Пацификот.

Прогнозата на Пекинг е значително повисока од 619,9 милиони патнички летови реализирани во 2023 година, пренесуваат светските агенции.

Вкупниот број на авионски патувања во Кина се зголеми за девет отсто во првата половина на 2024 година во споредба со истиот период во 2019 година.

Приходите од туризмот во Кина се зголемија за 47,4 отсто на годишно ниво во текот на осумдневниот празник Лунарната нова година, поттикнати од силниот раст на бројот на патувањата во земјата.

Во Кина имаше и зголемување на бројот на меѓународни патнички летови по повод Олимписките игри во Париз.

Побарувачката за летови до Јапонија, Јужна Кореја, Сингапур и Европа е особено висока, се додава во соопштението на Управата за цивилно воздухопловство на Кина. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk