logo
logo
logo

Ќе се одржи првото сослушување во истрагата за импичмент на Бајден

Vecer | 28.09.2023

Ќе се одржи првото сослушување во истрагата за импичмент на Бајден

Сослушувањето на Комисијата за надзор и одговорност на Претставничкиот дом веројатно нема да открие нови информации за финансиските врски на Бајден со неговиот проблематичен син Хантер Бајден (53), кој бил дел од бројни меѓународни деловни потфати додека се борел со зависноста од дрога и алкохол.

Наместо тоа, сослушувањето ќе послужи како еден вид оправдување за истражување и дискусија за она што републиканците го открија досега, според Џејмс Комер, претседател на Комитетот.

Републиканците тврдат дека Бајден и неговото семејство лично профитирале од политиката што тој ја вршел како потпретседател во администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама од 2009 до 2017 година.

Во центарот на истрагата се тврдењата дека Бајден, како потпретседател на САД, вршел притисок врз Украина да го отстрани главниот обвинител бидејќи ја истражувал компанијата Бурисма, во која неговиот син Хантер бил во одборот на директори. Тогашниот украински претседател Петро Порошенко во саботата за Фокс њуз изјави дека тоа не е точно.

Белата куќа соопшти дека истрагата е неоснована и политички мотивирана пред претседателските избори во 2024 година, на кои Бајден би можел да се соочи со републиканецот Доналд Трамп, кој се соочува со четири судења.

Републиканците во Претставничкиот дом имаат тесно мнозинство со 221 спрема 212 гласови, па под знак прашалник е дали на крајот од истрагата ќе имаат доволно гласови за да го поддржат импичментот на Бајден. Дури и во случај на успешно гласање, малку е веројатно дека Сенатот, каде демократите имаат мнозинство од 51 спрема 49, ќе гласа за смена на Бајден од функцијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk