logo
logo
logo

Мелони во разговор со Нетанјаху изрази надеж за постигнување договор за прекин на огнот

Vecer | 13.08.2024

Мелони во разговор со Нетанјаху изрази надеж за постигнување договор за прекин на огнот

 Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и за време на разговорот изрази силна надеж дека на следната рунда преговори на 15 август ќе биде постигнат договор за одржлив прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН.

Италијанската премиерка уште еднаш ја изрази својата поддршка за посредничките напори кои ги преземаат САД, Египет и Катар, пренесе италијанската новинска агенција Анса.

Признавајќи го правото на Израел на самоодбрана, таа на крајот ја подвлече важноста од деескалација на регионално ниво, вклучително и долж израелско-либанската граница, каде се присутни привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ), во кои Италија има водечка улога. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk